Останати спортови
ЗОИ2026: Злато за Американците во скијачки акробатски скокови
Американската репрезентација во мешани двојки во состав Кајла Кун, Конор Каран и Кристофер Лајлис го освои златото во акробатски скијачки скокови на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2026 во Ливињо, со што ја одбрани титулата од Игрите во 2022 година.
Швајцарија го освои сребрениот медал, додека големиот фаворит за златото Кина, заврши третопласирана и ја освои бронзата.
Американците освоија 325,35 од можни 450 бодови, пред Швајцарија (296,91) и Кина (279,68 бодови).
Американците ја однесоа победата откако не успеаја да стигнат до златото во поединечните финалиња во женска и машка конкуренција, каде Кина ја освои олимписката титула предводена од брачната двојка Ванг Ксинди и Сју Менгтао.
февруари 21, 2026

