Останати спортови
ЗОИ2026: Шесто злато за Клебо
Норвежанецот Јоханес Клебо го освои златниот медал во класичната трка од 50 километри на денешниот, претпоследен, ден на Зимските олимписките игри (ЗОИ) 2026 во Тесеро, остварувајќи историски подвиг со победа во сите шест олимписки дисциплини во крос-кантри скијање, што досега не му успеало на ниту еден друг натпреварувач.
Дваесетидеветгодишниот Норвежанец ја освои својата единаесетта титула во третиот настап на Зимските олимписки игри (2018, 2022 и 2026 година).
Клебо триумфираше пред своите сонародници Мартин Нунгет, кој освои сребро со заостанување од 17,5 секунди, и Емил Иверсен, кој заврши третопласиран (+46,2 сек).
Во возбудлив финиш, Клебо го престигна Нунгет на последното искачување на 500 метри до целта, а додека ја минуваше целта, се струполи од исцрпеност на снегот.
февруари 21, 2026

