Connect with us

Останати спортови

ЗОИ2026: Холандија го освои златото во штафетата во брзо лизгање

Холандската штафета на кратки патеки во брзо лизгање, во состав Јенс ван ’т Ваут, Меле ван ’т Ваут, Теун Бур и Фрисо Емонс, ја освои титулата во трката на 5.000 метри на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Милано.
Во неизвесно финале во кое позициите се менуваа од рунда во рунда, Холанѓаните ја минаа целта за 6:51,847 минути.
Сребрениот медал го освои Јужна Кореја (Дехеон Хванг, Џонгмин Ли, Џунесео Ли, Јунгун Рим), пред бронзената Италија (Пјетро Сигел, Томас Надалини, Лука Шпехенхаузер, Андреа Касинели).
Бранителот на титулата Канада, која во Милано пристигна како најдобро рангирана репрезентација, остана без медал, завршувајќи ја финалната трка на четвртото место.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1