Connect with us

Останати спортови

ЗОИ 2026: Злато и бронза за Кина во слободно скијање

Репрезентативците на Кина освоија злато и бронза на денешното натпреварување во слободно скијање – Aerials. Златниот медал му припадна на Ксиди Ванг кој освои 132.60 поени и направи огромен скок откако на претходните два настапа на Олимписки игри во оваа дисциплина го освојуваше 14.то место.

Среброто го освои светскиот првак Ное Рот од Швајцарија, кој освои 131.58 поени, додека бронзата му припадна на Тианма Ли од Кина со 123.98 поени.

Во финалето во оваа дисциплина настапија шест натпреварувачи – четири од Кина и двајца од Швајцарија.

За Кина ова беше вкупно 12.ти медал, а четврти златен. Половина од медалите ги освоија во слободно скијање. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 3