Connect with us

Останати спортови

ЗОИ 2026: Комплетна доминација на Норвешка во нордиска комбинација

Натпреварувачите на Норвешка ја потврдија доминацијата во нордиска комбинација (скокови и крос кантри) откако денеска триумфираа и во тимскиот натпревар. Норвешките натпреварувачи Андреас Скоглунд и Јенс Офтебро остварија најдобар резултат 41:18.0 минути. Воедно ова за Офтебро беше трето злато по двата триумфа во поединечна конкуренција.

Во неизвесната завршница на патека од крос кантри Финска заостана за 0.5 секунда и со тоа го освои сребрениот медал, додека австрискиот тим заврши на третото место.

Норвешка ја потврди и доминацијата на овие Игри бидејќи ова за нив беше 16-ти златен медал или вкупно 34.ти во Милано Кортина.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2