Connect with us

Останати спортови

ЗОИ 2026: Финска по продолжение до полуфиналето

Во драматичен и возбудлив натпревар репрезентацијата на Финска успеа во четвртфиналето да ја совлада Швајцарија со 3:2 по продолжение откако во регуларниот дел беше 2:2. Швајцарија беше на прагот на изненадување и по првиот период водеше со 2:0, а Финска со два гола во 54.минута и 59.минута стигна до израмнување на резултатот. Победничкиот гол во продолжението за Финска го постигна Артури Лехконен во 64.минута.

Пласман во полуфиналето на хокеарскиот турнир обезбедија Словачка со победата од 6:2 против Германија, додека Канада по продолжение ја совлада Чешка со 4:3.

Во последното четвртфинале вечерва играат САД и Шведска.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4