Connect with us

Општини

Влада: Започна реализацијата на проектот за изградба на отворено спортско игралиште во училиште во липковско Ропаљце

Започна реализацијата на проектот за изградба на отворено спортско игралиште во рамки на подрачното основно училиште „Култура“ во село Ропаљце, Општина Липково, соопштија денеска од Владата. Проектот има за цел создавање современ и функционален простор за спорт и рекреација, наменет за учениците и младите од локалната заедница.

-Инвестицијата изнесува 5.098.115 денари и претставува значајно вложување во подобрување на условите за спорт и рекреација во Општина Липково, наведуваат од Владата.

Новото игралиште ќе обезбеди безбедни услови за одржување на спортски активности, поттикнување на физичката активност и развој на спортскиот дух. Со реализацијата на проектот се унапредува спортската инфраструктура и се создава дополнителна вредност за образовната средина.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1