Забава
Корморан побарал помош во болница во Бремен
Ранета морска птица побарала помош, така што чукала со клунот на вратата од оддел за итни случаи на клиника во Германија сè додека медицинскиот персонал не ја забележал и не повикал противпожарна служба.
Корморанот завчера бил пред вратата на клиниката „Линкс дер Везер“ (Klinikum Links der Weser) во Бремен со рибарска јадица заглавена во клунот. Според пожарникарската екипа, направено е сè што било во нивна моќ заедно со медицинскиот тим по што јадицата била остранета, а раната санирана. По укажаната помош, птицата била пуштена во паркот на болницата.
Според противпожарната служба, со оглед на градбата на корморанот – голема птица со долг врат, клиновидна глава и карактеристичен остар клун со закривен врв, рибарската јадица во клунот може да биде многу опасна. Тоа може да доведе до инфекции, болка и неможност за хранење.
февруари 18, 2026

