Општини
Францускиот амбасадор Ле Риголер ја посети Општина Велес
Францускиот амбасадор во Македонија Кристоф Ле Риголер денеска ја посети Општина Велес и оствари средба со градоначалникот Марко Колев.
На оваа средба, како што информира Александра Иванова од Кабинетот на градоначалникот, се разговараше за тековните проекти и предизвици на Општината, за можностите за продлабочување на соработката, за поголема афирмација на француската култура и јазик, со поголема застапеност во училиштата и разни манифестации.
Иванова потенцира дека соработката со меѓународната заедница е важна за развојот на општината и оти општина Велес како и досега останува отворена за секаква соработка.
февруари 16, 2026

