Општини
Рано е да се каже колку од земјоделските површини претрпеа штети, се санираат речните корита за да нема нови поплавувања
Сè уште е рано да се каже колку од земјоделските површини претрпеа штети по поројните врнежи, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Сега, како што изјави по брифигот за новинарите, се работи на санација и нормално функционирање на речните корита за да нема поплавувања на површините.
– Не можеме да кажеме за колкава земјоделска површина станува збор. Сега се работи на санирање на состојбите на терен. Фокусот е ставен на воспоставување нормално функционирање на речните корита за да нема поплавување на површините. По санирање на состојбите, ќе се формираат општински комисии, кои прибираат барања од сите што ќе пријават штети. Потоа ќе се направи и процена на терен, но рано е да се зборува за колкава површина станува збор. Секако, ќе се постапи во рамките на законот и луѓето на тој начин ќе бидат обесштетени – истакна Трипуновски
февруари 16, 2026

