Кошарка
Леброн за продолжувањето на кариерата по неговата 23. НБА сезона: Не знам, само сакам да живеам, тоа е сè
Легендарниот НБА кошаркар, членот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, рече дека сè уште не знае дали ќе продолжи да игра по неговата рекордна 23. сезона.
-Во овој момент не знам. Кога ќе одлучам, ќе дознаете и вие. Сега навистина Немам поим. Само сакам да живеам, тоа е сè, изјави за „ЕSPN“ 41-годишниот Американец.
Џејмс е со Лејкерси од 2018 година. Тој е четирикратен шампион на НБА (2012, 2013, 2016, 2020).
Во сезоната 2025/26 на НБА, Леброн имаше просек од 22,1 поен, 5,5 скока и седум асистенции во 35 натпревари.
февруари 16, 2026

