Connect with us

Останати спортови

Роналдињо му се обрати на олимпискиот шампион Братен: Ти си гордост на сите Бразилци

Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец, Роналдињо, му се обрати на алпскиот скијач Лукас Пињеиро Братен, кој освои злато во велеслалом на Олимписките игри во Милано во 2026 година.

Дваесет и петгодишниот скијач кој се натпреваруваше за Норвешка до 2023 година, му го донесе на Бразил првиот медал на Зимските олимписки игри во историјата.

-Честитки за златниот медал, Лукас! Ти си извор на гордост за сите нас!“, напиша фудбалерот на социјалните мрежи.

Пред сезоната 2023/24, алпскиот скијач го објави своето пензионирање по кавга со Норвешката скијачка федерација. Сепак, во март 2024 година, тој се врати во спортот под бразилското знаме.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1