Connect with us

Општини

Задолжителна регистрација и исполнување на бараните услови за сите продавачи на храна на отворено во општина Дојран

Општина Дојран ги извести корисниците на подвижни и привремени објекти за продажба на храна на јавен простор, доколку не се регистрирани во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), да го сторат тоа, а во спротивно, при контрола на надлежните инспектори, ќе бидат затворени за работа.

– Овие корисници, кои вршат дејност врз основа на одобрение издадено од Општината, задолжително треба да ги исполнуваат условите пропишани со прописите за храна од Законот за безбедност на храната, како и барањата од член 13 од правилникот за општи барања за примарно производство и придружни операции, како и општите барања – се вели во известувањето на Општина Дојран.

Насоките по кои треба да постапат оние што вршат продажба на храна на јавен простор во Дојран општинските власти ги даваат по известување добиено од АХВ и напоменуваат дека при контрола на службите на Агенцијата на објектите што нема да ги исполнуваат условите и кои не се регистрирани во оваа институција, ќе им се изрече забрана за вршење дејност – производство и промет со храна.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4