Останати спортови
ЗОИ2026: Јужнокорејската сноубордерка Чои го освои златото во „халфпајп“
Јужнокорејската 17-годишна сноубордерка Гаон Чои го освои златниот медал во дисциплината „халфпајп“ на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2026.
Чои на патеката во Ливињо дојде до својот прв медал на големо натпреварување, откако претходно имаше злато од Светското првенство во јуниорска конкуренција.
Најголем фаворит пред финалето беше 25-годишната Американка Клое Ким, која го освои сребрениот медал, а во оваа дисциплина триумфираше на Игрите во 2018 и 2022 година.
Дваесетиедногодишната Јапонка Мицуки Оно го освои бронзениот медал, што е нејзино прво олимписко одличје во кариерата
февруари 14, 2026

