Останати спортови
Леклер: на ЗОИ можам да се натпреварувам во боб
Возачот на Ферари, Шарл Леклер, откри во кој настан би можел да се натпреварува на Зимските олимписки игри.
– Мислам дека во боб. Во оваа дисциплина има еден возач и четири членови од екипажот – туркачи. Ќе ми требаат момци поголеми од мене, но јас би бил возач. Во тоа сум добар, изјави Леклер за веб-страницата на Ферари.
Првата етапа од сезоната 2026 во Формула 1, Големата награда на Австралија, ќе се одржи во Мелбурн од 6 до 8 март.
Олимписките игри 2026 во Милано и Кортина д’Ампецо ќе траат до 22 февруари.
февруари 12, 2026

