Останати спортови
ЗОИ2026: Американската скијачка Лемли го освои златото во могул
Американката Елизабет Лемли денеска на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2026 го освои златниот медал во скијање слободен стил во дисциплината могул во која натпреварувачите се оценуваат за техника на вртење, брзина и сложеност на воздушните акробации.
До својот најголем успех во кариерата, 20-годишната Американка дојде со освоени 82.30 бодови.
Среброто ѝ припадна на нејзината сонародничка Џаелин Кауф, која беше олимписка вицешампионка пред четири години во Пекинг, додека олимписката шампионка од Пјонгчанг 2018, Французинката Перин Лафонт, го освои бронзениот медал.
Најголемата фаворитка, Австралијката Џакара Ентони, која беше олимписка шампионка од Пекинг 2022, беше најдобра во квалификациите и првото возење во финалето, но во втората трка, во која се носеа одлуките за медалите, направи грешка и заврши на осмото место.
февруари 12, 2026

