Connect with us

Општини

Германски и турски инвеститори во индустриската зона „Жабени“ – Битола

Јавното претпријатие за стопанисување со Индустриска зона „Жабени“ наскоро ќе промовира две нови инвестиции, производствени капацитети на компании од Германија и Турција.

Според утврдената програма на ова битолско јавно претпријатие, во текот на годината планирана е и доизградба и пуштање на фотонапонска електрана за сопствени потреби.

-Во текот на оваа година ќе почнат градежни активности на две компании кои набавија парцели во зоната. Станува збор за германски инвеститор за спортски реквизити чиј производствен објект е во завршна фаза, и турски инвеститор производител на лифтови. Очекуваме нормализирање на состојбата со две мали фирми инвеститори „Спринг“ и „Конкрит“ со кои се воделе судски спорови, а во овој период ќе се доизгради и нашата фотонапонска електрана со која драстично ќе се намалат нашите трошоци за електрична енергија, потврдија од ЈП СИЗ „Жабени“.

Менаџментот на претпријатието минатата година раскина дел од договорите со инвеститори кои закупиле парцели за изградба, но никогаш не инвестирале, за што биле толерирани се до завршување на договорот.

-Во текот на 2026 година ќе бидат склучени договори со локалните комунални претпријатија со што ќе се подобри комуналното уредување, осветлување, движење по тротоари и поставување на комунална опрема кои често ги бараат инвеститорите, нагласија од претпријатието чија програма за работа е прифатена од Советот на Општина Битола.

ЈП СИЗ „Жабени“ Битола наскоро ќе објави повик за за продажба на нови парцели во индустриската зона што се наоѓа во непосредна близина на граничниот премин Меџитлија.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1