Connect with us

Останати спортови

ЗОИ 2026: Доминација на Германката Таубиц во санкање

На убедлив начин германската претставничка Јулија Таубиц стигна до златниот медал во дисциплината санкање едносед. Таа во четирите трки постигна вкупно време од 3:30.625 минути. Таубиц е светска шампионка од 2025 година, а на претходните Игри во Пекинг беше седмопласирана.

Вистинско изненадување направи Летонката Елина Бота со освојувањето на сребрениот медал, но со големо заостанување зад новата шампионка од 918 илјадинки од секундата. Во Пекинг беше пласирана на 18.место. Ова воедно беше прв медал за Летонија на ЗОИ во Милано Кортина.

Бронзата и припадна на Американката Ешли Фаркухарсон, која заостана 34 стотинки зад второпласираната Бота.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4