Connect with us

Култура

Над девет милиони денари за културата во Гевгелија во 2026 година

Откако во 2025 година Гевгелија ја понесе титулата Град на културата, Општина Гевгелија годинава предвидува зголемени средства за поддршка и развој на културните активности.

Според Годишната програма за финансирање програми и проекти од областа на културата, за културни манифестации и творештво ќе бидат издвоени околу 9,6 милиони денари.

Најмногу средства, односно 2.150.000 денари, се наменети за фестивалот „Вкуси го југот“, кој веќе три години по ред се одржува како културно-забавна манифестација со подготовка на традиционални гевгелиски специјалитети и настапи на македонски изведувачи.

По нив следи ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“ со 1. 500.000 денари, интернационалниот детски музички фестивал „Калинка“ за кој се одобрени 800.000 денари и ЈОУ Дом на култура „Македонија“ со 400.000 денари.

Промоторите на македонскиот фолклор, ансамблот за традиционална музика и игри „Бојмија“ ќе добијат 210.000 денари, а КУД Танец – Миравци и КУД Негорци од Негорци по 150.000 денари.

Во програмата се финансирани и активностите на градската библиотека „Гоце Делчев”, градскиот мешан хор „Гортинија”, „Бош фестивал” и други културни манифестации и настани.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2