Connect with us

Кошарка

Кари ќе го пропушти НБА Ол-стар натпреварот

Плејмејкерот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, нема да учествува на НБА Ол-стар натпреварот, објави инсајдерот на „ClutchPoints“ Брет Сигел.

Триесет и седумгодишниот кошаркар ги пропушти последните четири натпревари на Вориорс во поради повреда. 

Официјалната причина за неговото отсуство е синдромот на пателофеморална болка, кој обично се манифестира како оток и болка во капачето на коленото.

Според Сигел, Кари ќе се врати на теренот по паузата за „Ол-стар натпреварите“.

Претходно беше објавено дека плејмејкерот на Оклахома сити Тандер, Шеј Гилџус-Александар, истоа така нема да игра на „Ол-стар 2026“.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4