Останати спортови
ЗОИ 2026: Германецот Рајмунд олимписки шампион на „малата“ скокалница
Германецот Филип Рајмунд е освојувач на златниот медал на „малата“ скокалница на Игрите во Милано Кортина откако по двата скока со 102 и 106,5 метри успеа да освои вкупно 274.1 поени. Ова за него е најголем успех бидејќи воедно му е прва победа на едно натпреварување.
Сребрениот медал му припадна на Полјакот Кацпер Томашик, кој освои 270.7 поени со скоковите со должина од 103 и 107 метри.
Организаторите ќе доделат две бронзи за Рен Никаидо од Јапонија и Грегор Дешванден од Швајцарија. Никаидо имаше скокови со должина од 101 и 106,5 метри, а Дешванден скокови од 106 и 107 метри. Двајцата освоија по 266 поени.
За Германија златото на Рајмунд е второ на овие Игри во Милано Кортина.
февруари 10, 2026

