Connect with us

Општини

Протест пред УЈП во Тетово, се бара сторнирање на решенија за данок на доход

Пред Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи (УЈП) во Тетово попладнево десетици граѓани одржаа протест поради издадените решенија од таа институција за плаќање данок на доход заработен во странска земја.  

Главните аргументи на оваа група граѓани се дека тие биле 183 дена во странство и дека со тоа не се даночни резиденти. 

-Ние не сакаме да ги плаќаме тие даноците затоа што не сакаме да ги плаќаме грешките на институцијата во овој случај, грешката на државната Управа за јавни приходи, рече Бесир Абдулахи, учесник на протестот.

Се бара средба со раководството на УЈП со цел издадените решенија да се сторнираат.

-Ние бараме еден состанок заедно или да биде отворен за сите, да поставиме прашања, да знаеме како треба ние да реагираме, што документи треба да пратиме до институцијата за да  се затвори овој случај, рече Фариз Бајрами, исто така учесник на протестот. 

Управата за јавни приходи неколку пати досега соопшти дека престојот во странство подолг од 183 дена не ја исклучува даночната резидентност.

Воедно, обврската за пријавување и даночење на доход остварен од странство во согласност со Законот за данок на личниот доход не е нова законска мерка што би се применувала ретроактивно, а секој е должен да го пријави својот целокупен светски доход и да го даночи во согласност со законските прописи.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1