Connect with us

Општини

Меморијален марш „Кети Милковска и 63 Ангели“ во Македонска Каменица

Хуманитарното здружение „Бели Гулаби“ на 12 февруари 2026 година ќе биде домаќин на првиот меморијален марш „Кети Милковска и 63 Ангели“. Маршот се одржува по повод роденденот на Кети Милковска која трагично го загуби животот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Настанот ќе собира граѓани од Македонска Каменица, како и родители и пријатели од Кочани, кои заедно сакаат да го зачуваат споменот за Кети.

-Програмата започнува во 14:00 часот пред Соборниот храм „Богородица“, каде ќе се палат свеќи и ќе се одржи молитва во чест на младата девојка. По ова, учесниците ќе се упатат кон автобуската станица, ќе продолжат низ главната улица и маршот ќе заврши во Културниот дом, каде ќе се одржи говор посветен на Кети Милковска, се вели во соопштението од организаторите.

Настанот носи и силна порака за зачувување на сеќавањето на младите животи и поддршка за семејствата погодени од трагични настани.

-Ги повикуваме сите граѓани да се приклучат на маршот, да и оддадат почит и да испратат порака дека Кети никогаш нема да биде заборавена. Со овој марш, хуманитарното здружение „Бели Гулаби“ не само што оддава почит на Кети Милковска, туку и ги потсетува сите на важноста на сеќавањето, солидарноста и заедништвото. За повеќе информации може да се обратите кај организаторите: Наташа – 071 737 465, Нада – 070 505 459, Антонела – 071 757 203, додадоа од ХЗ „Бели Гулаби“.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1