Connect with us

Општини

Општина Охрид ќе субвенционира традиционални занаетии од градот и околината

Општина Охрид објави повик за субвенционирање на традиционални занаети регистрирани во Регионалната занаетчиска комора – Охрид на подрачјето на општината.

– Висината на субвенцијата ќе се утврдува така што вкупниот износ на средствата планирани за таа  активност во буџетот на општина Охрид ќе се распределат пропорционално со бројот пријавени занаетчии од традиционални занаети кои ќе ги исполнуваат условите и критериумите од повикот. Секој барател кој ги исполнува условите од повикот ќе добие ист износ на средства, се посочува во повикот.

Право на учество имаат новорегистрирани и веќе регистрирани занаетчии од традиционални занаети, согласно Законот за Занаетчиство како физички и правни лица, кондурации, опинчари, производство на хартија, книговез, ваљајчари, бојаџии, кувенџии, резба на дрво и бакар, филигран, ткајачи и четкари…

За повикот можат да аплицираат занаетчиите кои имаат подмирени обврски кон општина Охрид, (комунална такса, фирмарина) за претходните две години овие податоци Комисијата надлежна за спроведување на повикот ќе ги обезбеди по службен пат.

Јавниот повик трае десет дена од денот на објавувањето.

Подетелни информации заинтересираните можат да најдат на општинската интернет-страница.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2