Connect with us

Останати спортови

ЗОИ 2026: Норвежанката Стром победи на малата скокалница

Норвежанката Ана Одине Стром победи вечерва во скијачките скокови на малата скокалница на Олимписките игри 2026.

Стром беше на лидерската позиција и по првата серија. Таа собра вкупно 267,3 поени (136,9 м + 130,4 м).

Најголемата фаворитка за златото, словенечката репрезентативката Ника Превц мораше да се задоволи само со второто место по скоковите 135,9 метри и 130,3 метри или вкупно 266,2.

На подиумот се најде и Јапонката Нозоми Марујама со освоени 261,8 поени (135,7 м + 126,1 м).

Со вечерашното злато, Норвешка им се придружи на Шведска, Италија и Швајцарија кои освоија најсјајни одличја на Игрите во Милано и Кортина.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3