Connect with us

Хроника

Пронајдена марихуана, приведени три лица, едното е во притвор

Полициски службеници од ОВР Кочани вчера во Кочани ги лишија од слобода Е.Џ.(35), М.Џ.(27) и Е.Д.(50), сите од Штип.

Како што информира МВР, во 15:05 часот на ул.„Стамен Манов“ во Кочани, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.Д., а при извршен преглед кај М.Џ. била пронајдена и одземена марихуана.

Судија од Основниот суд Кочани одреди мерка притвор од 30 дена за М.Џ. и тој е спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Куманово

Маркетинг
Ad 2
Ad 4