Кошарка
Кошаркарите на Монако се подготвуваат за штрајк, ќе играат јуниорите
Кошаркарите на Монако се во тежок период од сезоната, како за нив така и за клубот. Се бара нов сопственик на клубот, а Кнежевството го презема раководењето на клубот. Сето тоа се одразува и на резултатите на екипата на Василис Спанулис, која има серија од пет порази во Евролигата и пад на табелата.
Пред неколку кола Монако беше лидер што можеби беше и разбирливо бидејќи клубот е составен од низа кошаркарски ѕвезди, а во сегашните околности се во „слободен пад“.
Последните информации се дека играчите едноставно не сакаат да играат односно најавија и штрајк на натпревар од француското првенство, доколку не им бидат исплатени дел од средствата што клубот им ги должи.
Тоа е еден од условите да продолжат да играат.
Ако не се појават играчите од првиот тим, на теренот ќе се појават јуниорите.
Не е познато колку им се должи на играчите, кои главно се милионери, а сега се решаваат на ваков радикален потег кога се играат едни од клучните натпревари во сезоната.
Монако во Евролигата се наоѓа на 10.место со серија од пет порази.
февруари 7, 2026

