Connect with us

Општини

Вежбовни активности на вода на белгиската армија на подрачјето на Охрид и кај селото Радожда

Специјална единица на Армијата на Кралството Белгија од утре заклучно со 20 овој месец ќе спроведува активности за обука на вода на Охридското Езеро, во подрачјето на Охрид и кај струшкото село Радожда.

Како што соопштија од Секторот за внатрешни работи –  Охрид, во рамки на вежбовните активности предвидена е употреба и користење на артифиции, воени моторни возила, дронови, пловни и други средства.

Планираната обука на специјалната единица на Армијата на Кралството Белгија на подрачјето на Охрид и Струга, е во состав на вежбата „BEL-SOF Exercise 26” што ќе биде спроведена и на други подрачја во земјава.

Во врска со предвидените вежбовни активности од полицијата се апелира до граѓаните на Охрид и Струга да ги почитуваат насоките на полициските и армиските службеници кои ќе се грижат за безбедноста на целокупното подрачје. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 2