Connect with us

Хроника

Приведен прилепчанец на автопатот Градско – Велес, управувал возило и покрај изречени забрани

На автопатот Градско – Велес, вчера во 10:10 часот кај клучка Караслари, полициски службеници од СВР Велес го лишиле  од слобода 35 годишниот  Ф.Ј. од Прилеп.

Како што информираа од СВР Велес, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „голф“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.Ј. и покрај тоа што му биле изречени три мерки за забрана за управување моторно возило од Б категорија. 

Прилепчанецот бил приведен во полициска станица, а по насоки од јавен обвинител, возилото му било одземено.  По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2