Connect with us

Општини

Во Битола мирен протест на слепи лица и лични асистенти на слепи лица

Слепи лица, лица со попреченост и нивните лични асистенти денеска во Битола одржаа мирен протест и побараа од Министерството за труд и социјална политика на личните асистенти да им исплати две задоцнети плати и да ги продолжи договорите за нивниот ангажман за поддршка на слепите лица и други лица со попреченост.

Во изјава за медиумите, учесниците на протестот побараа законската услуга да се спроведува согласно законот без прекини како што тоа се случило и во текот на минатата година.

-Јас и мојот сопруг сме слепи лица и во овој период треба да се снаоѓаме. Многу е тешко да се живее без асистенти за лична асистенција кои веќе станаа дел од нашите семејства, постојано се во нашиот дом и ние не сакаме прекини во нивниот ангажман. Овој проблем мора да се реши, личните асистенти да бидат вработени, и да останат со нас слепите лица кои според членството во Сојузот на слепи лица во Битола се околу 270 на број, но ги има повеќе од 300, изјави Весна Софрониевска, слепо лица од Битола.

Личните асистенти на слепи лица и лица со попреченост бараат исплата на надоместокот за два месеци и создавање услови за трајно вработување.

-Ние како лични асистенти на лица со посебни потреби, ангажирани преку Црвен крст и во координација со Министерството за труд и социјална политика, бараме итно постапување бидејќи втор месец сме без финансиски надоместок, а корисниците се без услуга. Нашата работа во оваа социјално чувствителна дејност ја извршуваме професионално, но сме без средства за основна егзистенција. Бараме потпишување на управните договори и реализација на истите, а очекуваме и трајно вработување за ваков ангажман. Ако не се реализиаат нашите барања ние ќе бараме друга работа затоа што два месеци ништо не ни се иаплаќа нам околу 40 лични асистенти на лица со попречености во Битола, изјави Светлана Ивановска Чулаковска, личен асистент на лице со попреченост.

Во изјава за медиумите, Сашка  Дојчиновска слепо лице од Битола побара решавање на настаниот проблем, но и поголема контрола од страна на институциите на процесот со утврдување на степенот на оштетеност на видот на слепите лица, бидејќи како што рече се случува лица со оштетен вид и со мал процент на оштетеност да добиваат лични асистенти, изјави Дојчиновска.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3