Connect with us

Општини

Во Зрновци ќе се гради локален пат во вредност од над 6 милиони денари од Министерството за транспорт

Oпштина  Зрновци влегува во фаза на реализација на проектот „Изградба на локален пат од м.в. Оризни гумна до м.в. Друмот, село Видовиште“, откако вчера во просториите на Локалната самоуправа е потпишан договорот со изведувачот на работите, фирмата „Ескаватори“ од Урошевац, Косово.

Според информациите од градоначалникот Ванчо Митев, вкупната вредност на градежните работи изнесува 5.302.620,00 денари без ДДВ, додека износот за ДДВ достасува до 954.472,00 денари. Средствата за реализација на проектот ги обезбеди Министерството за транспорт 

-Проектот се реализира како одговор на долгогодишните барања на граѓаните на село Видовиште и има за цел подобрување на локалната патна инфраструктура, зголемување на безбедноста во сообраќајот и создавање подобри услови за секојдневно движење и локален развој, вели Ванчо Митев, градоначалник на најмалата општина во државата – Зрновци.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2