Connect with us

Општини

Нова соработка меѓу општините Битола и Пустец

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски приредија прием за градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, кој е во посета на Општина Битола. 

На средбата двајцата градоначалници разменија информации за состојбите во општините, за проектите кои ги реализираат, како и за продолжување на соработката во повеќе области, соопштија од Општина Битола.

Двете општини ќе продолжат да соработуваат и преку прекугранични проекти втемелени на лични искуства, потврдија од тамошната локална самоуправа.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3