Connect with us

Општини

Избрана фирма изведувач за реконструкција на една од главните велешки улици „11 Октомври“

Избрана е фирма изведувач за целосна реконструкција на фреквентна улица  „11 Октомври“ во новиот дел на Велес, а која води до повеќе станбени згради, до  Трговскиот  центар и Мало пазарче, и маркетите и угостителски и трговски објекти   во овој дел од градот. Финансиските средства се обезбедени во соработка со Владата  и Министерството за транспорт, информира денеска градоначалникот Марко Колев.

Воедно најави дека градежните зафати ќе започнат со создавање на поволни временски услови за работа на терен.

Инаку оваа улица  е еднонасочна и во голем дел коловозот е  многу оштетен од бројните возила, а со години наназад не  е реконструирана.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4