Connect with us

Општини

Струмица се подготвува за одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Со пригодна свечена програма утре пред споменикот на апостолот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев, во Струмица ќе биде одбележана 154 годишнината од неговото раѓање (1872-1903), а денеска екипи на ЈПКД „Комуналец“ го исчистија споменикот и истоимениот плоштад.

-Со денешното чистење на споменикот Гоце Делчев се надеваме дека ќе подобри изгледот на градскиот плоштад, а сето тоа ќе придонесеме и за зголемување на одговорноста и свеста на самите граѓани за поубав и почист изглед на животната средина, се наведува во објабвата на струмичкото комунално претпријатие на нивната фејсбук страница. 

Од комуналното претпријатие апелираат и укажуваат за чување и неуништување на урбаната опрема, за оставање на сметот исклучиво во кантите за отпадоци, бидејќи колку повеќе се подига свеста толку побргу сите ќе имаат убаво, чисто и пристојно место за живеење.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2