Скопје
Општина Аеродром објави Јавен повик за граѓански организации – ReLOaD3
Општина Аеродром, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), денеска објави Јавен повик за поднесување предлог-проекти во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3). Повикот ќе биде отворен до 27 февруари 2026 година.
Од Општина Аеродром информираат дека Програмата има цел да го зајакне партнерството меѓу Општината и граѓанските организации преку транспарентна поддршка и поголемо учество на граѓаните во креирањето јавни политики.
Приоритетни области за проекти се заштита на животната средина и климатски промени, социјална инклузија и поддршка на ранливи групи, млади и младинско учество во заедницата, како и креативни уметности и културен развој.
Како што нагласуваат од Општина Аеродром, ќе се одржат инфосесија, обука и менторска поддршка за сите заинтересирани организации.
Сите детали, услови и потребната документација може да ги најдете на следниов линкот http://aerodrom.gov.mk/vest/9551.
Општина Аеродром ги охрабрува сите заинтересирани да аплицираат за заеднички придонес за развојот на заедницата.
јануари 30, 2026

