Connect with us

Ракомет

ЕХФ ЕУРО 2026: Прва победа за Шпанија во главната фаза против европскиот првак

Ракометарите на Шпанија ја постигнаа првата победа во главната фаза на Европското првенство откако го совладаа европскиот првак Франција со 36:32. За Шпанците ова се и првите бодови, додека Франција по денешниот пораз ги намали шансите за пласман во полуфиналето и одбраната на титулата.

„Црвената фурија“ победата ја најави во првиот дел откако во неколку наврати имаше предност од шест разлика (20:14 полувреме), а во вториот дел имаа предност и од +7 (23:16). Европскиот првак Франција намали на 26:25, но немаше сили за комплетен пресврт.

Јан Баруфет од Шпанија со 10 голови беше најефикасен, додека кај Франција најпрецизен беше Омерик Мине со 7 голови.

На првиот дуел од денешната програма Португалија и Норвешка одиграа нерешено 35:35, додека од 20:30 часот се игра дербито на групата меѓу Данска и Германија.

Германија е лидер на табелата со 6 бодови, Данска и Франција имаат по 4, Португалија и Норвешка 3, а Шпанија е последна без бод.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2