Connect with us

Останати спортови

Србија европски првак во ватерполо

Српската ватерполо репрезентација го освои златниот медал на Европското првенство, откако вечерва во Белград, ја победи во финалето Унгарија со 10:7 (3:2, 2:3, 2:1, 3:1).

Првите две четвртини беа израмнети и на полувреме резултатот беше нерешен 5:5, а на почетокот на третата четвртина, Србија прва дојде до предност од два гола, кога Василије Мартиновиќ беше прецизен за 7:5 со играч повеќе.

Во продолжението на третата четвртина, Унгарија го намали резултатот на 7:6 и со тој резултат финалето влезе во последниот период.

На четири минути и 13 секунди пред крајот, Србија поведе со 8:6, а три минути пред крајот, домаќините поведоа и со три голови разлика што се покажа недостижна за Унгарците.

Ова е шеста титула за Србија на Европско првенство како самостојна држава, а прва по пауза од осум години.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 1