Connect with us

Останати спортови

Шифрин победи и го освои Кристалниот глобус во слалом

Американската скијачка Микаела Шифрин со убедлив триумф во денешниот слалом во Шпиндлеров Млин, оствари уште една победа во Светскиот куп во алпско скијање и воедно го обезбеди Малиот кристален глобус во оваа дисциплина.

За Шифрин ова е 108. победа во Светскиот куп и деветта титула во дисциплината слалом.

Второто место го освои Швајцарката Камил Раст, заостанувајќи една секунда и 67 стотинки зад Шифрин, додека на третото место се пласираше Германката Ема Ајхер (+2,18).

Во пласманот во слалом, Шифрин има 780 бодови, недостижни 288 повеќе од Раст на второто место.

Шифрин, исто така, води во генералниот пласман со 1.133 бодови, пред Раст (963).ег

Ова беше последниот слалом пред Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2