Connect with us

Хроника

Возач на товарно возило загина на магистралниот пат А2

Товарно возило рано утрово излетало во провалија на магистралниот пат А2, Куманово – Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, при што загинал 56- годишниот возач, косовски државјанин.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека несреќата се случила утрово околу пет часот.

-На 21 јануари 2026 во 4 часот и 50 минути во Одделнието за внатрешни работи Крива Паланка е пријавено дека на магистралниот пат граничен премин Деве Баир – Крива Паланка – Куманово во атарт на село Узем, кривопаланечко, товарно возило „сканиа“ со косовски национални ознаки, управувано од 56- годишниот Н.Х. од Косово, излетало од патот и паднало во провалија. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Н.Х., а лекар од итна медицинска помош Крива Паланка констатирал смрт, информира Ивана Младеновска, портпарол на СВР Куманово.

Посочи дека бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3