Connect with us

Општини

Кирил Пецаков се сретна со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду

Градоначалникот на Охрид, Кирил Прецаков, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду, која е во прва официјална посета на Охрид.

На средбата на присуствувала и Деспина Ипиоти, конзул на Република Грција во Битола, Пецаков  ги запознал соговорничките со актуелните проекти на кои работи Општина Охрид за заштита на животната средина и Охридското Езеро, во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО.

Било разговарано и за актуелниот проект за отворање на Регионалната депонија која ќе го опфати Охридскиот и Пелагонискиот регион. 

„Заедно со амбасадорката изразивме надеж за продлабочување на прекуграничната соработка во повеќе области, особено во делот на туризмот, заштита на животната средина и културата“, вели Пецаков.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 5