Connect with us

Хроника

ОВР Кочани: Во „форд“ со скопски таблички пронајдена бела прашкаста материја

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против М.Е.Ј(40) и О.И.(29), двајцата од Скопје.

Според пријавата, на 17.01.2026 во Кочани, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале двајцата, при што е пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Од судија на претходна постапка, на М.Е.Ј. му е определена мерка притвор од 30 дена и е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на мерката. Додека, на О.И. му е определена мерка претпазливост. 

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 5