Connect with us

Општини

Мицкоски: Проект „Енергетска ефикасност во средните училишта со промена на начинот на греење“ во Кичево за поквалитетни услови за настава

Проектот „Енергетска ефикасност во средните училишта со промена на начинот на греење“ во општина Кичево има цел унапредување на енергетската ефикасност и создавање поквалитетни услови за настава во образовните институции – пишува премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук-профил.

Со проектот се предвидува модернизација на системите за греење, со што ќе се постигне значително намалување на потрошувачката на енергија и на трошоците за одржување.

Инвестицијата во износ од 19.456.070 денари придонесува кон подобрување на еколошките стандарди, намалување на емисиите на штетни гасови и создавање поздрава и поодржлива средина за учениците и наставниот кадар – пишува Мицкоски.

Тој додава дека проектот претставува важен чекор кон одржлив развој и унапредување на образовната инфраструктура во општина Кичево.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 3