Connect with us

Хроника

Стружанец со 2,28 промили алкохол во крвта го нарушил јавниот ред и мир

Стружанец со 2,28 промили алкохол во крвта го нарушил јавниот ред и мир и бил приведен од полициски службеници во ОВР Струга.

СВР Охрид денеска соопшти дека лицето биле приведено 10 минути по полноќ на улицата „ЈНА“ во Струга.

– Во 00 часот и 10 минути на улицата „ЈНА“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода М.Д.(35) затоа што претходно во зграда на истата улица го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување. По извршено алкотестирање кај него се констатирани 2,28 промили алкохол во крвта, информира портпаролот Стефан Димоски.

По целосно документирање на настанот, против лицдето ќе биде поднесена соодветна пријава.