Хроника
Тракторист паднал во речно корито, починал на местото на несреќата
Вчера во во Полициската станица Струмица било пријавено дека на местото „Белик“, во атар на село Градско Балдовци, трактор кој влечел приколка натоварена со дрва, паднал во речното корито на река Тркање и притоа починал Д.Н.(58) од Струмица, соопштија денеска од СВР Струмица.
Тој го управувал тракторот, а смрт била констатирана од лекар од Медицински центар Струмица.
За трагичниот настан информираа и од ТППЕ Струмица. Оттаму велат дека вчера во 03:42 часот извлекле починато лице заедно со трактор кој паднач во речно корито. ТППЕ Струмица интервенирала со едно против пожарно возило и четири пожарникари.
Увид на местото извршиле јавен обвинител од ОЈО Струмица и екипа на СВР Струмица, а телото на починатиот било предадено на семејството.
јануари 18, 2026


