Connect with us

Ракомет

Хрватска се намачи за да ја совлада Грузија

Ракометарите на Хрватска многу тешко стигнаа до првата победа на Европското првенство откако на стартот ја совладаа Грузија со 32:29, откако ривалот водеше во поголемиот дел од натпреварот. Во првото полувреме Грузија имаше и водство од шест разлика (12:6), но хрватските ракометари сепак ја запишаа првата победа. Ова беше првиот дуел во групата Е, додека во вечерниот термин играат Шведска и Холандија, а дуелот го судат македонските судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

На другите дуели од денешната програма Шпанија ја оствари втората победа со триумфот над Австрија со 30:25 (група А), додека Франција на „наполни мрежата“ на Украина и ја совлада со 46:26 за втор триумф (Ц група)

Во вечерниот термин се играат уште два дуела: Чешка – Норвешка (Ц група) и Србија – Германија (А група).

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4