Connect with us

Ракомет

Стефанов: Малку репрезентации во Европа можат да се пофалат со ваков континуитет

Македонската ракометна репрезентација ќе биде дел од уште големо натпреварување или од 2012 година продолжуваат настапите на Европските и Светски првенства. Нашиот национален тим вечерва го стартува деветтото ЕП, а противник ни е еден од првите фаворити селекцијата на Данска.

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов истакна дека овој настап го доживува како голема одговорност.

–  Девет настапи на Европско првенство, од кои осум по ред, не се случајност. Тоа е резултат на систем, на континуирана работа и на многу љубов која со години ја вложуваат тренери, играчи и сите кои се дел од овој спорт. Овој настап го доживувам како голема одговорност, но и како потврда дека македонскиот ракомет има стабилни темели. Потребни се дисциплина, фокус и максимална посветеност. Често на големите натпреварувања деталите решаваат, а нашиот најсилен адут отсекогаш бил карактерот. Малку репрезентации во Европа можат да се пофалат со ваков континуитет, а кај нас, во екипните спортови, тоа е единствен пример. Тоа носи гордост, но и обврска внимателно да го чуваме и унапредуваме она што е изградено. Горди на нашите ракометари и на начинот на кој го носат дресот на Македонија, изјави првиот човек на РФМ.

Стефанов функцијата претседател на Ракометната федерација на Македонија ја презеде на 1.март 2025 година и ова е прв голем ракометен собир за него како претседател на федерацијата. 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1