Connect with us

Останати спортови

Касаи ќе се натпреварува на 54 години

Легендарниот јапонски ски скокач Нориаки Касаи ќе се натпреварува на 54.годишна возраст. Тој ќе се појави на натпреварувањето кое ќе се одржи претстојниот викенд на скокалницата Сапоро. Касаи обезбеди место во јапонската репрезентација.

Јапонија како домаќин на натпреварот има право на повеќе натпреварувачи, а на тој начин Касаи доби прилика да се натпреварува.

Во својата кариера има 17 победи на натпреварите, 63 пати се искачил на победничкиот подиум и три олимписки медали, а првата ја има освоено на Игрите во Лилехамер 1994 година, а има и седум медали од светските првенства. 

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2