Connect with us

Општини

До 13 часот во Центар Жупа излезеноста 6,61 отсто, пониска за 5,36 од октомври лани

Изборниот ден во општина Центар Жупа се одвива без проблеми, но излезеноста е речиси двојно пониска во однос на октомври минатата година.

-До 13 часот во општина Центар Жупа правото на глас го искористиле 500 гласачи или 6,61 отсто од вкупно запишаните 7562 лица. Во октомври до овој термин гласаа 904 граѓани или 11,97 отсто, изјави за МИА претседателот на ОИК-Центар Жупа, Неџип Илјаз.

Според него, на сите 16 избирачки места гласањето се одвива без проблеми, а така се очекува да помине и целиот изборен ден.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2