Свет
Кирибати прва во светот ја дочека Новата 2026 година
Островската држава Кирибати, поточно островот Киритимати во архипелагот Лајн, прва во светот ја дочека Новата 2026 година, поради својата временска зона UTC+14.
Киритимати, познат и како Божиќен Остров, со околу 5.000 жители, претставува прва населена точка на Земјата што влегува во новата календарска година, иако, според локалните власти, не се планирани поголеми јавни настани или прослави.
Новата година во Кирибати настапи во 11:00 часот по македонско време, со што официјално започна глобалниот влез во 2026 година.
Потребни се цели 26 часа за целиот свет да влезе во 2026 година, почнувајќи со Киритимати, а завршувајќи на соседниот остров Бејкер, утре во 12:00 часот по Гринич.
декември 31, 2025


