Connect with us

Свет

Тројца турски полицајци загинаа во престрелка со припадници на ИД

Во текот на антитерористичката операција во турската покраина Јалова против припадниците на Исламска држава загинаа тројца полицајци, а деветмина се повредени.

Милитантните утрово отвориле оган додека полицајците се приближувале до куќата каде биле припадниците на ИД. Во престрелката загинаа шестмина припадници на ИД.

Во антитерористичката акција биле вклучени и специјалните сили од соседната провинција Бурса. Поради вооружениот инцидент затворени се пет училишта.

Турскиот регулатор за електронски медиуми воведе привремена забрана за известување за престрелката, со упатства за објавување само официјални информации.

Турските власти ги интензивираа напорите за борба против тероризмот пред новогодишните прослави, по разузнавачките предупредувања за евентуални напади од страна на ИД.

Полицијата во Истанбул на 25 декември приведе 115 осомничени членови на ИД во рации на 124 локации откако доби информации дека групата планира напади за време на прославите на Божик и Нова година. Издадени се налози за апсење за 137 лица, а полицијата заплени оружје и муниција. Потрагата по преостанатите 22 осомничени е во тек.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 5